Skip to main content

Мотоциклист итно препратен на скопските клиники по тешка сообраќајка попладнево во Кавадарци

Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди попладнево во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Итната медицинска помош.  

Според првичните информации од лице место, на булеварот меѓу основното општинско училиште „Гоце Делчев“ и новата црква „Света Петка“, дошло до судир помеѓу автобус и мотоцикл со поголема моќност. Повреден беше мотоциклистот. Со тешки телесни повреди, откако му укажавме првична медицинска помош, најпрво беше пренесен до Општа болница – Кавадарци, па препратен на скопските клиники, појасни докторот.

Повредениот мотоциклист e роден 1987 година.