Skip to main content

Сопругата на тер Штеген го „варала“ со личниот тренер

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген и неговата сопруга Даниела пред неколку дена решија да се разведат и дадоа соопштение по тој повод.

Иако побараа приватност од јавноста и медиумите, започна брзото „копање“ во нивниот приватен живот, а шпанските медиуми открија дека главната причина за разводот била наводната афера на Даниела со нејзиниот тренер.

– Шокиран сум и разочаран од лошото управување и контрола во Каталонското радио и групата 3Cat – тие објавуваат лажни вести и ја нарушуваат приватноста. Новинарите Џулијана Кане, Роџер Карандел и Марта Монтанер се лажговци кои шират лажни вести, ја навредуваат мојата сопруга Даниела и на грд начин ја уништуваат нејзината репутација. Факт е дека немало неверство од страна на Даниела. Нема вклучено трето лице. Како што веќе најавив, Дани и јас решивме да тргнеме по наш пат, се разделивме во добри односи и одржуваме комуникација. Целосно е неприфатливо водечките државни медиуми да шират ваква вест, во која Даниела е лажно обвинета и нејзината личност е нападната“, напиша Тер Штеген.

Поврзани вести