Skip to main content

Јан Стојановски освои сребрен медал на математичката олимпијада за студенти на ЈИЕ

Од 4 до 9 март во Корча, Албанија, се одржа 19. Математичка олимпијада за студентите од Југоисточна Европа SEEMOUS 2025.

Единствен претставник од Македонија на оваа олимпијада беше Јан Стојановски, студент на Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

Тој постигна одличен резултат и успеа да освои сребрен медал.