Skip to main content

Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен

Едно лице загина а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вечерва на патот Битола – Ресен кај месноста викана Макази.

Од СВР Битола информираат дека до несреќата дошло откако патничко возило БМВ со ресенски регистарски таблички управувано од 46 годишен жител на ресенско село, удрил во возило марка пежо со битолски ознаки, кое пак се судрило со трето возило БВМ управувано од 47 годишен ресенчанец, кој патувал со сопатник.

Од ударот на лице место починал 46 годишникот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило БМВ се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

Сообраќајот од м.в.Макази до с.Ѓавато е пренасочен по стариот пат.

Поврзани вести