
Денеска 08.03.2025 година (сабота) со почеток во 12:30 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе биде во посета на Општина Свети Николе, соопшти владината прес служба.
Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности кои се во тек и тоа:
Изградба на улицата „Живко Чинго“, проект вреден 5 милиони денари, средства обезбедени од државниот буџет по првиот јавен повик за финансиска поддршка на општините.
Изградба на балон сала во СОУ „Кочо Рацин“. Проект вреден 6 милиони денари, средства обезбедени од Центар за развој на Вардарски плански регион.