Skip to main content

Претседателот на хрватскиот Сабор Јандроковиќ во посета на Македонија

 Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Јандроковиќ ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Гаши, а по средбата предвидени се разговори на делегациите на двете земји заедно со двајцата претседатели на парламентите.

Според најавата од Собранието, Јандроковиќ  ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе следуваат изјави за медиумите на двајцата собраниски спикери. Потоа претседателот на хрватскиот сабор Јандроковиќ ќе се обрати пред пратениците во рамки на 37. седница.

Тој ќе се сретне и со Благица Ласовска, претседателка на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Република Хрватска и со членовите на групата

Поврзани вести