
Од денеска до 9 март се организира 8-мартовски Саем на книгата во Скопје Сити Мол, во соработка со Македонската асоцијација на издавачи.
Македонските издавачи на приземје во молот ќе ги изложат своите најнови и најпопуларни изданија, со намалени цени од 20 до 70 %. Посетителите на молот ќе можат да направат избор за подарок од големата понуда на популарна и класична литература, книги од домашни и странски автори, љубовни романи и трилери, популарна психологија и бизнис-литература…
На Саемот на книгата ќе учествуваат 12 издавачки куќи: „Култура“, „Сакам книги“,„Три“, „Полица“ „Антолог“, „Топер“, „Чудна шума“, „Мартина“, „Едука мак“, „Бата прес“, „Божилак“ и „Сказнувалка“.