
Претседателката на Народното собрание, Ана Бранбиќ изјавила дека за време на хаосот во време на заседавање на седница во Собранието, повредена е Соња Илиќ, трудница во 8 месец од бременоста, а набрзо после тоа се огласила и нејзината мајка Љубинка.
Како што истакнала Љубинка, Соња во 44 година останала трудна со вештачко оплодување откако со години се борела за потомство, а сега лекарите се борат за неа и животот на бебето.
И се слошило откако во неа е прскано со солзавец и е фрлена димна бомба. Настрадала затоа што се дрзнала да има поинакво мислење. Тоа го направивте, да погинат и таа и бебето- рекла Бранбиќ претходно.
За време на хаосот во собранието пратеничката Јасмина Обрадовиќ(63), погодена е со димна бомба , по што доживеала мозочен удар.