Skip to main content
Локални избори

Ахмети ќе дестабилизира, Филипче ќе се консултирал со членството за кандидатите за градоначалници

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата на локалните избори ќе настапи со најдобрите кандидати за градоначалници и советници. Тој истакна дека процесот на избор на кандидати ќе се спроведе преку широк консултативен процес, во прв ред со членството, а потоа и со сондажи меѓу граѓаните.

Граѓаните заслужуваат да ги водат најдобрите и оние кои можат најмногу да придонесат за секоја општина. Покрај поддршката од членовите и граѓаните, кандидатите мора да ги имаат потребните квалификации и искуство за позицијата за која се кандидираат“, напиша Филипче на Фејсбук.

За разлика од него, лидерот на ДУИ се закани со дестаблизација и оневозможување да се одржат локалните избори доколку Уставнниот суд чепне во албанскиот јазик.

Поврзани вести