
Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја предводи владината делегацијакоја учествува на унгарско-македонскиот владин самит што денеска и утре ќе се одржи во Унгарија, во Будимпешта беше дел од церемонија на положување венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои.
Чин на почит и сеќавање кон оние кои ја вградија својата жртва во историјата. Нека ова положување венци биде симбол на пријателството, благодарноста и заедничките вредности што ги споделуваат Македонија и Унгарија“, порача Мицкоски.