Skip to main content

Мелони: Многу е важно да се избегне ризикот од поделба на Западот за решавање на украинското прашање

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска по пристигнувањето во Лондон изјави дека е многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот за Украина.

„Мислам дека е многу, многу важно да се избегне ризикот од поделба на Западот“, рече Мелони пред средбата со нејзиниот британски колега Кир Стармер во пресрет на самитот на сојузниците на Киев во Лондон.

„Италија и Велика Британија можат да играат важна улога во изградбата на мостови“, додаде италијанската премиерка.

Денешниот самит, на кој учествуваат украинските сојузници, има за цел да постави нови безбедносни гаранции во Европа.

На самитот учествуваат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, канадскиот премиер Џастин Трудо, полскиот премиер Доналд Туск, италијанската премиерка Џорџа Мелони, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.

Поврзани вести