Skip to main content

Шест медали за македонските каратисти на стартот на Балканското првенство

Македонските каратисти успешно стартуваа на Балканското сениорско првенство кое се одржува во црногорскиот град Будва, освојувајќи шест медали првиот натпреварувачки ден.

Со златен медал се закити Јована Мицовска, додека Викторија Јовановска освои сребро.

Бронзен медал освоија Михаела Мишовска, Сара Дука, Магдалена Божиновска и Ангела Мојсовска.

Денеска на програмата се борби во машка и кати во женска конкуренција.

На сениорското Балканско првенство во Будва учествуваат 12 држави со вкупно 350 натпреварувачи.

Поврзани вести