Skip to main content

Недев во Софија одржа карате семинар за бугарската репрезентација

Македонскиот каратист Дејан Недев викендов одржа карате семинар во Софија, Бугарија.

Семинарот беше организиран исклучиво за членовите на бугарската репрезентација, кои од 3 до 5 јули ќе настапат на ЕТКФ Европскиот шампионат што ќе се одржи во Софија.

Обуката беше наменета за натпреварувачи, тренери и судии, при што беа објаснети основните принципи и натпреварувачките дисциплини на традиционалното карате. 

-Во иднина, оваа успешна соработка ќе продолжи со цел понатамошно унапредување на нивото на знаење и развојот на традиционалното карате, објавија од бугарската федерација.

Организатор на семинарот беше Тони Петров од БФТК. 

Поврзани вести