Skip to main content

Николоски: Решаваме еден горлив проблем за жителите на Радовиш, градиме нова комунална мрежа во дел од општината

Со инвестиција од 21 милион денари решаваме еден горлив проблем за дел од жителите на Радовиш преку изградба на комунална мрежа која ќе го подигне квалитетот на нивниот живот, истакна вицепремиерот Александар Николоски денеска од Радовиш.

Тој заедно со градоначлникот Ацо Ристов ивршија увид во изградба на атмосферска канализација на дел од општина Радовиш. Проектот се реализира со средства од буџетот на Министерството за транспорт и се очекува да се заврши за неколку месеци.

Ова е еден еколошки проект со кој комплетно се решава опфатот на атмосферските води за околу 600 куќи кои досега заради немање на соодветна комунална мрежа се пoплавувале.

-Веднаш штом го добивме проектот во рамки на Mинистерството за транспорт, решивме од сопствени средства да го финансираме. Би сакал да нагласам дека ова е надвор од редовните средства што општините ги добиваат преку Владата кои што се по глава на жител, а кои лани беа 100 милиони евра, оваа година се околу 250 милиони евра. Ова е дополнителна активност и во рамки на изборната кампања каде јас сум носител во четвртата изборна едница, тоа го ветив и сакав да го решиме ова. Така што инвестираме 21 милион денари во решавање на овој горлив проблем да се реши изведба на една атмосферска канализација во градот, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Тој исто така најави дека во месец март ќе се распише и тендер за изградба на обиколница за населеното место Подареш во должина од 1,2 км, со средства од буџетот на Министерството за транспорт.

Поврзани вести