Skip to main content
6zj71TLLND8

Фатен малолетен дилер од Аеродром, му нашле 200 кеси марихуана

Вчера околу 23 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени околу 200 полиетиленски кесички со марихуана, соопшти МВР.

Известен бил јавен обвинител за малолетници, по чија насока малолетникот бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по чл.215 од КЗ и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка, велат од МВР.

Поврзани вести