Skip to main content

Перински: Нема заборавени места во Македонија, Владата го поддржува рамномерниот развој


„Во Македонија нема заборавени места – рамномерниот развој е наш императив, сакаме да ја зголемиме економската и социјалната стабилност во државата,“ истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во гостувањето во емисијата „Програма на градови“ на првиот канал на Македонската телевизија. Тој зборуваше за тековните теренски активности во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“. Перински нагласи дека секојдневното функционирање е динамично, но тоа дополнително ја зголемува мотивацијата за интензивирање на работата на терен. Како пример, го посочи денешното присуство во Неготино, каде што се реализираат два од трите проекти за кои општината доби финансиска поддршка од централниот буџет преку првиот повик за финансиска помош за општините. „

Навистина сум среќен што конечно проектите што ги издвоивме веќе го гледаат светлото на денот. Имаше многу предизвици, но докажавме дека нема неразвиени и занемарени региони – рамномерниот развој е клучен за иднината на државата“, изјави министерот. Тој потенцираше дека градоначалниците сега имаат можност да реализираат капитални инфраструктурни проекти со значајна поддршка од централниот буџет. „За проектите што беа подготвени, но немаа финансиски средства, сега создадовме можност. Големо е задоволството што гледаме конкретни резултати – се гради, се развива, а задоволството на граѓаните ни е потврда дека политиките се поставени на здрава основа“, заклучи Перински.

Поврзани вести