
Претставата „РАЗВЕДИ МЕ“ за вечерва 27 февруари, четврток е распродадена, ве очекуваме утре, 28 февруари, петок на втората изведба. Почеток 20:00 часот, соопштија од Центарот за култура „Трајко прокопиев“ во Куманово.
Дали неверството мора да се запечати со развод? Дали простувањето е вистинскиот чекор со кој ќе го спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години.
Теми кои ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено – морални вредности.
Играат: Мирјана Поповска и Роберт Ристов.
Мала сала во Центар за култура.
Цена на билет 200 денари.