
Извозот на палмино масло од Индонезија најверојатно ќе се намали оваа година поради зголемената побарувачка за производство на биодизел, изјави денеска висок функционер од здружението на производители.
Извозот на палмино масло најверојатно ќе се намали за 7,3 отсто оваа година, на 27,35 милиони тони, изјави Фадил Хасан, шеф за трговија и промоција во Индонезиската асоцијација за палмино масло.
Производството на сурово палмино масло, додава тој, најверојатно ќе се зголеми за 3,8 отсто оваа година, на 50 милиони тони.
Одредбата за зголемување на процентот на палминото масло во биодизелот го намалува вишокот за извоз и овој тренд ќе продолжи, рече тој.
Уделот на палминото масло во биодизелот беше зголемен од 35 на 40 проценти со владина уредба. Владата неодамна го продолжи рокот за прилагодување на дистрибутерите на гориво до почетокот на март. Целта на Џакарта е да го намали увозот.
Потрошувачката на палмино масло во Индонезија за производство на биодизел веројатно ќе се зголеми за околу 19 отсто оваа година, на 13,6 милиони тони, изјави шефот на здружението на производители.
Индонезија е водечки производител на палмино масло во светот. Неговата потрошувачка во последно време значително се зголеми, обезбедувајќи му водечка позиција на листата на растителни масла во исхраната на луѓето, но и повисока цена