Skip to main content

Базар по повод 8 Март

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 2-ти до 8-ми март, на првиот кат во Скопје Сити Мол ќе се одржи голем „Сити базар – Подари љубов“ на кој ќе се претстават дури 42 модерни ракотворци.

Креативците кои внесуваат колорит и радост во одбележувањето на Денот на жената ќе се претстават со широка лепеза производи. За сите дами, артизаните изработија оригинален и храбро конципиран еклектичен накит, иновативен накит од керамика, накит креиран во сутаж техника, од епоксидна смола и полимерна глина. Сребрен накит изработен во традиционална филигранска техника, но со нетрадиционален дизајн, современ и елегантен. Ракотворците ги раскажуваат своите приказни, на еден современ и концептуален начин, низ моделирање наративи од инспиративното секојдневие. На овој уникатен базар, дел од уметниците ќе се претстават и со вегански козметички производи за нега и убавина на лице и тело, цветни аранжмани, растетија, уникатни саксии, производи од свила и домашно направени колачи и чоколади. Некои од уметниците креираа и чанти и аксесоари изработени од кожа, трикотажен кабел, макраме конец, специфични видови на свила, како и декоративни органски сапуни и свеќи и еколошки восочни обвивки од памук и пчелин восок за повеќекратна употреба.

Поврзани вести