Skip to main content

ФМУ го промовира новото донирано пијано со концерт на Симон Трпчески во Националната опера и балет

Во големата сала на Нацоналната опера и балет, вечерва, на 26 февруари во 19 часот, ќе се одржи концертна промоција на пијаното „Feurich“, донација за Факултетот за музичка уметност – Скопје од Кочо Анѓушев, а во соработка со австриската Амбасада и амбасадорот Мартин Памер.

Ексклузивен гостин на вечерта ќе биде амбасадорот и промотор на македонската култура, Симон Трпчески, кој е алумнус на ФМУ – Скопје и ќе настапи со реномирани уметници и професори од ФМУ – Скопје.

Настанот е со поддршка од НОБ и директорот Оливер Арсовски, како и од Пијано-центарот. Влезот е бесплатен.

Поврзани вести