
Изјавата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, дека 1,2 милиони евра собрани од даноците на граѓаните на Чаир не се знае каде се потрошени, претставува огромен скандал и бара итна и транспарентна истрага.
Обвинувањето дека толку голема сума јавни средства нема јасна намена укажува на сериозна злоупотреба на народните пари и скандалозно лошо управување од страна на општинската администрација.
Граѓаните на Чаир заслужуваат јасен одговор: Каде се инвестирани овие пари? Кој ќе сноси одговорност за овој скандал?
ДУИ бара надлежните институции да спроведат детална финансиска контрола за да се разјасни како се управувани овие средства и дали постои злоупотреба. Транспарентноста и одговорноста се обврска кон граѓаните, и никој не смее да се крие зад политички игри кога станува збор за нивните пари.