
По наредба на Специјалното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Белград, денеска е упасена С.К., менаџерка за развој на инвестиции во АД „Инфраструктура Железница Србија“, како и тројца членови на Комисијата за технички преглед на Железничката станица во Нови Сад, додека еден е во бегство, во врска со извршување неколку кривични дела со коруптивни елементи, што резултираше со уривање на настрешница на таа железничка станица на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 15 лица, а тројца беа тешко повредени.
Главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, изјави дека постои основано сомневање дека нивните пропусти се причинско-последично поврзани со трагедијата, бидејќи доколку постапувале совесно и ја извршувале својата должност за вонреден увид, како и контрола на условите за време на пробната работа, тогаш ќе можеле да ги забележат недоследностите пред уривањето на настрешницата.
Морам да напоменам дека Специјалното одделение постапува одвоено од предметот на Јавното обвинителство во Нови Сад во кој е поднесено обвинението, како и одвоено од предистражните дејствија што ги презема Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со финансирањето на проектот за реконструкција на Желеничката станица во Нови Сад, бидејќи делата на извршување на кривичните дела за кои се товарат осомничените се извршени на територијата на Белград, иако трагичната последица се случила во Нови Сад“, рече Стефановиќ.
Тој додаде дека случајот е формиран откако Обвинителството ја разгледало кривичната пријава од 2 февруари, приложените докази и документацијата во врска со кривичното дело, која е објавена на веб-страницата на Владата на Србија.