
Во галеријата „Метаноја“ вечерва во 19 часот, ќе се одржи настанот „Сто години надреализам“, на кој ќе се обратат академик Влада Урошевиќ и професорката Лидија Капушевска-Дракулевска.
Поводот на настанот е осврт на стогодишнината од почетоците на надреализмот во 1924 година. Своите излагања академик Урошевиќ и Kапушевска-Дракулевска ќе ги засноваат врз нивната заедничка книга „Птици во аквариум: надреализам 1924 ‒ 2024“.
Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата „Метафора – Жито, какол и парчиња стакло“ на Марко Трпески.