Skip to main content

Спектакл во МНТ: Песните што станаа филмска историја како номинирани и наградени со Оскар на втората Оскаровска Гала вечер

Второто издание на „Оскаровската гала вечер“ се одржа синоќа во Македонскиот народен театар, а присутните уживаа во изведбите на песните кои влегоа во филмската историја како номинирани и наградени со Оскар.

Врвните македонски пејачи: Наде Талевска, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Горан Наумовски, Денис Димоски, Дејан Бобиќ Дексо, Јасна Димитровска заедно со Битолскиот Камерен Оркестар IWConnect под дригентската палка на Владимир Димовски и „Полифонија“ ги воодушевија присутните и приредија уште една ноќ за паметење.

Коментаторката на Оскаровското шоу и авторка на емисијата за филм „Во кадар“ на МТВ Миланка Рашиќ ја водеше публиката низ Оскаровските приказни, а филмската магија на сцената ја дополнија и настапите на балетските уметници Саша Ефтимова и Ендрју Кук, како и танчерите од танц клубот Dancers United.

Настанот се одржа точно една недела пред 97. Оскаровска церемонија во Лос Анџелес.

Поврзани вести