Skip to main content

Прешернов ден 2025: Вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во МКЦ Скопје

Словенечкиот центар – Скопје по повод словенечкиот државен празник на културата, Прешернов ден 2025 организира вечер со Соња Каранџулоска и пријателите во Младинскиот културен центар Скопје.

Соња Каранџулоска работела во Македонскиот народен театар во Скопје и е позната театарска, филмска и телевизиска глумица која има словенечко потекло.

Како што информираат од Словенечкиот центар – Скопје, на прославата ќе настапат Соња Каранџулоска, Душан Кировски, Лилјана Стоилковска, Елена Пренџова, Софиа Насевска Трифуновска, Борче Начев, Гордана Ендровска, Филип Трајковски, ХМД „Кочо Рацин” – диригентка Ангела Рајчиноска, „Смирна”, Стефи Силјановска, Ева Карамановска, „Студио Данса Латино Стефи”.