Skip to main content

Стрелците ќе бидат повредени во љубовта, Девиците ќе решат семеен проблем

Овен

Работа: Денеска сепак не е ваш ден. Зголемена нервоза. Допрва ќе успеете да завршите некои основни работи, па задоволете се со тоа за денеска.
Љубов: Емоционална стабилност. Ќе уживате да поминувате време со саканата личност. Тоа е она што најмногу ви се допаѓа.
Здравје: Чувствителна глава и синуси.

Бик

Работа: Ќе остварите некаква соработка која долгорочно може да ви биде профитабилна. Особено поволни за односи со странци.
Љубов: Задоволни сте со себе и партнерот ве задоволува. Не сакате тоа да се промени и ќе се потрудите да го покажете тоа.
Здравје: Чувствителни очи.

Близнаци

Работа: Идеален ден за вас. Можете да спроведете многу корисни преговори и да завршите многу работа. Постигнувате сè навреме и се чувствувате добро.
Љубов: Не сте премногу заинтересирани за љубовни врски. Ќе претпочитате да се опуштите во кругот на луѓе со кои сте опуштени.
Здравје: Ќе ви годи физичка активност.

Рак

Работа: Некој ќе сака да ја обнови врската со вас или да побара услуга од вас, не знаејќи дека тоа може да биде од корист и за вас. Искористете ја вашата шанса.
Љубов: Ќе се обидете да најдете компромис со партнерот иако сè уште сте малку повредени.
Здравје: Потребна ви е релаксација, масажа и удобност во топлината на вашиот дом.

Лав

Работа: Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати.
Љубов: Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики.
Здравје: Воспалено грло.

Девица 

Работа: Освен што сте професионални, ќе покажете и дека сте одличен психолог, со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата.
Љубов: Можно е решение на некој семеен проблем, кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.
Здравје: Добро влијание на алтернативните методи.

Вага

Работа: За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа, а другите ќе поминат вообичаен работен ден.
Љубов: Ако се чувствувате осамено, побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас.
Здравје: Неопходна ви е физичка активност.

Скорпија

Работа: Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето.
Љубов: Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи.
Здравје: Поченете да спортувате.

Стрелец

Работа: Сè што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен нa соработка.
Љубов: Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди.
Здравје: Проблеми со уринарниот тракт.

Јарец

Работа: Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи .
Љубов: Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост.
Здравје: Одморете си ги нозете.

Водолија 

Работа: На работното место се појавуваат идеи, кои на прв поглед се необични. Работете енергично, а разгледувајте ги полека.
Љубов: Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна.
Здравје: Мали главоболки.

Риби

Работа: Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте.
Љубов: Веројатно ќе добиете покана за излегување, каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи.
Здравје: Страдата од несоници.

Поврзани вести