Skip to main content

Вучиќ победник во дуелот со новинарката што Земунскиот клан ја држеше на снајпер

Бранкица Станковиќ, една од најпознатите опозициски новинарки во Србија вчера имаше интервју со претседателот Александар Вучиќ на нејзината телевизија „Инсајдер“.Таа вешто се обидуваше од претседателот да извлече дека има вина за падот на настрешницата во Нови Сад, за протестите на студентите, за бројните афери.

Но, Вучиќ и одговараше смирено и со факти, па по разговорот на социјалните мрежи има коментари дека претседателот излегол како победник од овој „дуел“.

49 годишната Станковиќ долги години работеше на Б92 телевизија и ќе остане запаметена што еден од водачите на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ изјави дека ја држел на нишан и оти само господ ја спасил.

Таа сето тоа го опиша во нејзината книга “Insajder moja prica“.

Поврзани вести