Skip to main content

Што ќе покажат камерите од домот на Велибор Манев за исчезнувањето на Панче Жежовски?

Во Основниот Кривичен суд Скопје, каде денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, беше одбиено барањето на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо за изземање на обвинителите во неговиот случај, како и на обвинителот Гаврил Бубевски.

Судијата прифати и да се изведуваат доказите од камерите од домот на Велибор Манев од Велес во периодот на исчезнувањето на Панче Жежовски, кои досега не беа дел од доказната постапка.

На ова регираше адвокатот од одбраната Јовица Страшевски, според кого со ова се прави злоупотреба.

Која е причината за нивно изведување и доцнење, но тие да бидат во нормална постапка?, праша адвокатот

Поврзани вести