Skip to main content

Eурофарм Пелистер ги задржа шансите во ЛШ

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вчерa во натпревар од 12. коло од групата А во Лигата на шампиони со 25:24 го совлада романски Динамо и поразен го испрати во Букурешт.

Во интересен и возбудлив натпревар, битолчани успеаја да освојат два бодови со кои остануваат „во игра“ за следната фаза од ракометната Лига на шампиони заедно со Висла, но можеби и со Динамо Букурешт, доколку романскиот тим продолжи со порази во лигата. Всушност, тоа беше и главниот мотив на клубовите кои вечерва пред полната спортска сала демонстрираа снажен и израмнет ракометен дуел.

Во првото полувреме битолчани имаа предност се до 26 минута кога на семафорот беше 12:12, а на одмор со гол предност 12:13, заминаа гостите. Во вториот дел рамноправната игра продолжи, но надежите за гостинска победа ги „стопи“ македонскиот ракометен репрезентативен голман Никола Митревски кој беше несовладлив од сите позиции, и со 16 одбрани успеа на Еурофарм Пелистер да му обезбеди победа од 25:24.

Светските познатите ракометни судии Андреа Марин и Игнасио Гарсија од Шпанија, без грешки го судеа натпреварот и беа поздравени од објективната битолска публика.

Поврзани вести