
Подготвени сме да разговараме за пакет мерки со кои ќе ги решиме сите заостанати прашања од минатото, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб.
Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чијшто грб не е сменет.
Коалицијата ‘Вреди’ е подготвена да разговара за сѐ. За жал, во минатиот период повеќе, така да речам, осетливи теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20-30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата… Тоа ги интересира граѓаните, подобри плати, подобар живот“, изјави Таравари.
На прашањето што треба да стои на грбот, Таравари одговори дека во „Вреди“ се уште не ја отвориле оваа тема.