Skip to main content

ДУИ до Јаневска: УЧК не е ништо за Албанците, да се величаат Комитите а да се омаловажува УЧК е двоен стандард

Изјавите на министерката за образование Весна Јаневска „претставуваат тешка навреда за Албанците во Cеверна Македонија и обид да се избрише сеќавањето и жртвите на албанскиот народ“, реагираат денеска од ДУИ, според кои да се каже дека УЧК „не значи ништо за оваа држава“ е „неприфатлив чин кој покажува недостиг на почит кон значаен дел од населението и е обид за негирање на придонесот на Албанците во оваа земја“.

УЧК не е „ништо“ за Албанците – таа е симбол на жртвување за еднаквост, правда и достоинство. За Албанците, УЧК претставува борба за поправедно општество и за изградба на држава каде што секој граѓанин ќе биде еднаков. Секој обид за негирање на оваа историска вистина е чин на дискриминација што ги продлабочува меѓуетничките поделби и сериозно ја нарушува општествената хармонија. Овој селективен и лицемерен пристап е неприфатлив. Да се величаат Комитите, а да се омаловажува УЧК, е доказ за двојните стандарди и недостатокот на искреност од оваа влада, реагираат од ДУИ.

Прашуваат – како може да градиме заедничко општество кога една министерка за образование, наместо да промовира вредности на еднаквост и меѓусебна почит, зборува со исклучувачки и навредлив јазик за еден дел од граѓаните на оваа земја?

Дали ова е начинот на кој оваа влада има намера да промовира соживот и да гради заедничка иднина за сите? Демократската унија за интеграција најостро го осудува овој пристап и бара министерката веднаш да ја повлече навредливата изјава и да се извини јавно. Исто така, бараме од оваа влада да рефлектира и да престане со користење на двојни стандарди кои ги продлабочуваат поделбите и ги зголемуваат меѓуетничките тензии. УЧК за Албанците е историја, жртва и наша гордост. Секој што го потценува овој важен симбол треба да разбере дека не може да гради заедничка иднина со навредување и исклучување на целиот еден народ. Албанците секогаш придонесувале за оваа држава и никогаш нема да дозволат нивната историја да се сведе на „ништо“. Веројатно оваа изјава е координирана со вашите коалициски марионети, Вреди, реагираат од ДУИ.

Поврзани вести