Skip to main content

Мисајловски на состанок на контакт групата за Украина, во фокусот поддршката за Киев

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Брисел во рамки на предвидените состаноци на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, учествуваше на состанокот на Контакт групата за Украина, кој прв пат се реализира под водство на Обединетото Кралство.

Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанокот предводен од секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хили, на кој учествуваа министри и високи претставници на 50-тина земји, генералниот секретар на НАТО Марк Руте како и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас, фокус беше поддршката на Украина.

-Од започнувањето на агресијата врз Украина, македонската Влада досега има донесено 15 одлуки за хуманитарна и воено-техничка помош и поддршка на украинскиот народ и на Украина како земја која ја брани својата независност и територијален суверенитет и во континуитет се залага за почитување на меѓународното право и правен поредок, стои во соопштението.

Мисајловски утре во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво министри за одбрана и состанокот на Советот НАТО- Украина. 

Поврзани вести