Skip to main content

УЈП ја објави најновата листа должници, најголем дел од нив имаат зголемен долг

ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ БР.02/2025
Листата ги опфаќа долговите доспеани до 31.10.2024 и неплатени до 31.01.2025. 📅
Вкупниот број на должници објавени на оваа листа изнесува 5,705. 👥 Нивниот вкупен долг е 11,053 милиони ден. 💰
Од претходната листа бр. 01/2025, се повторуваат 5,567 должници, од кои:
•3,158 должници имаат зголемен долг за 137,5 милиони денари. 📈
•271 должници имаат намален долг за 159,4 милиони денари. 📉
•2,138 должници имаат непроменет долг. ➖
На Листата бр. 02/2025 се објавени нови 138 должници, со вкупен долг од 93 милиони денари. 💰 За нив, УЈП при следна објава ќе даде информации за преземени мерки за наплата. 📢
309 должници од Листата бр. 01/2025, со вкупен долг од 349,7 милиони денари, не се наоѓаат на Листата бр. 02/2025. 🚫
За првпат, на Листата бр. 02/2025 се објавени информации за преземени мерки за наплата кај 100 даночни должници. ⚖️ Ова не се смета за даночна тајна според Законот за даночна постапка и додава дополнителна транспарентност на Листата.
Погледнете ја целата Листа👇

Поврзани вести