
Првиот меч на Дончиќ во дресот на Лејкерси го следеа во живо членовите на неговото семејство и бројни пријатели. На трибините на „Крипто Арена“ беа таткото на Лука Саша Дончиќ, добриот пријател Дирк Новицки, менаџерката на Лука Лара Бет Сигер…
Сепак, најголемо внимание привлече неговата преслатка ќерка Габриела, која неодамна го прослави својот прв роденден. Во придружба на нејзината мајка, Анемари Голтес, малото девојче го гледаше натпреварот и го бодреше својот татко.
Оваа симпатична девојка носеше дрес со бројот 77 и презимето „Дончиќ“ на грбот, а во косата имаше машнички во боите на Лејкерс.