![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/zoran-zaev-2-960x671-1.jpg)
Сигурен сум дека никогаш немаш чуено за вакво големо име. Тоа е недостапно за тебе, бидејќи ти си многу мал, а и не припаѓаш на оваа класа луѓе.
А, луѓето според Библијата се божји суштества со кои понекогаш и со некои дури и самиот Господ се гордее и радува, но има и такви од кои и натемаго, ѓаволот би се засрамил.
Е, ти припаѓаш во овие изроди од кои што можеби си и првиот по ред.
Еве зошто!
Прво да се жигосаш крастата и реата што ја шириш, да запре со тебе, оти штетите што ги направи се отров за идентитетски геноцид на сопствениот народ.
Пàл Телеки, премиер на Унгарија во 1941 год. пред нападот на Германија на Југославија се спротивставил на подготвеноста на политичкиот врв на Унгарија да ги пропушти Хитлеровите хорди низ нивната земја бидејќи само една година пред тоа бил склучен договор за вечно пријателство со соседната Југославија.
Кога првиот германски војник стапнал на унгарска територија тој отишол дома и под силен притисок на грижа на совест и принципиелност, оставил писмо до Миклош Хорти и се самоубил.
- Ваше Височество, го прекршивме зборот и кукавички не го испочитувавме Договорот. Нацијата тоа го чувствува, а ние ја фрливме во блато и ја погазивме нашата чест. Станавме сојузници на злото без никакви докази за сторени неправди. Ќе станеме крадци. Крадеме човечки тела и души. Од нацијата направивме ѓубре, а јас не те спречив во тоа. ЈАС СУМ ВИНОВЕН! – навел во своето проштално писмо.
Тоа е првата, чесната, одговорна и единствена постапка на вистински маж од првиот дел на библиската порака.
А, сега за онаа срамотната, втората, твојата мизерија Зоране.
Ти, како премиер кога се заколна, се обврза да работиш според Уставот и Законите на Република Македонија, дека ќе ја браниш слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Македонија. Дисциплинирано, свесно и одговорно ќе ги извршуваш обврските и должностите што ти се обврска по Уставот но и ќе ја браниш честа и ќе се бориш за слободата на секој граѓанин.
Згора на тоа, ти сам се обврза, дополнително нé излажа и комплетно разочара, понижи, урниса цела држава, колнејќи се во своите деца со раката на твоето, сега веќе кристално јасно, камено срце дека никогаш нема да го смениш името на нашата татковина. Само неколку дена после таа шарада го направи најголемото предавство што некој го направил во Македонија, го смени името на насилнички начин, суров, брутално и крајно безобразно, со сите последици што потоа сукцесивно се редеа, редат и ќе се редат во иднина, погубни за нашиот народ, јазик, култура, идентитет, историја и сé друго по ред што ти требаше прв да го браниш и сопреш, како премиер, овој погибелен процес по сите нас како народ македонски но и сите подеднакви граѓани на нашата заедничка татковина.
Што е суштината, есенцијата на оваа споредба и извлечена поука.
Пàл Телеки посегнал по својот живот бранејќи ја честа на дадениот збор иако не се работело за неговиот народ туку за другите југословенски народи.
Но веројатно го прифатил општото правило на човекољубието, дека: Оној кој не ги сака другите народи не го сака и својот.
А, ти… ти го уништи сонот, ја опустоши реалноста, го згасна сјајот на својот народ трампајќи се:
Трампам македонски народ за мене.
Се поистовети, дури и се направи поголем од македонскиот народ.
Еден никаквец за милиони чесни.
Не треба да се изедначиш со големиот Пàл Телеки, ти си за него гнида, неразвиена вошка, слабак си и немаш право на така храбар подвиг и честитост.
Ти посакувам долго да живееш со срамот врз себе. Сите да гледаат, учат поинаку од твојот пат и да препознаваат црнила што го дави сопствениот народ заедно со уште неколку тафталполитичари изгубени во времето и просторот, заборавени како личности, но вечно жигосани и отфрлени заради своите злодела.
Вие живи сте, мислите дека живеете, но за МАКЕДОНСКИОТ НАРОД вие не сте се ни родиле..
Признавам. Бевте организирани. Ама бевте ОРДА. Се знаеше дека ви доаѓа крајот. И вие и сите луѓе и меѓународната заедница во прв момент ги излажавте.
Но заборавивте на бедемот, чуварот на македонската држава и нација, заборавивте на ВМРО-ДПМНЕ. Ја потценивте снагата на народот и тргнавте да го срушите столбот, атласот на кој опстојува Македонија и тука си ја скршивте главата засекогаш. Сега сум барем сигурен во тоа.
Една порака до вас пакосниците.
Од време на време можеш да нанесеш зло па и големо зло, некогаш на ВМРО-ДПМНЕ, друг пат на Македонија.
Но никогаш на двата светилника, светлина на светлините, убавина на убавините, заедно не можеш.
Премногу сме силни заедно. Непобедливи. Тоа ни е судбината. Додека има ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има и Македонија и тоа посилна, поубава, поголема и пореспектабилна во светот.