Санкционирани се вкупно 570 возачи при акциска контрола на територијата на СВР – Скопје во текот на вчерашниот ден, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат, од нив, 150 се за возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, четворица возачи управувале возило со активна мерка – забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност на регистрација.
Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање. Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, додаваат од МВР.