![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/vanja-gjorchevska-pestaloci-kniga-na-zhalost.jpg)
На денешното рочиште, сдедокот Гоце Трајковски објасни дека кога дознал за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска се загрижил и за својата ќерка која исто така учела во „Песталоци. Тој и вртел на ќерка си но не му се јавила па затоа и се јавила на неговата мајка Кираца која во тој период живеела во Белград.Таа го смиртила оти ја следи внуката на џи-пи-ес и оти е на училиште.
За исчезнувањето на Вања Ѓорчевска дознав дента на 27 ноември 2023 година, од социјалните мрежи. Ќерка ми учи во истото школо, ‘Песталоци’. Ѝ свртев, не ми креваше. Сабајлето дигнав паника, ѝ свртев на мајка ми, рече не се секирај, таму е, ја следам на џи-пи-ес. Кај еден часот ми рече, знаеш ли чие е детево што исчезнало? На Сашо Ѓорчевски, кумот. Сашо ми беше кум на првата свадба. Мајка ми ми рече, јави му се да не му треба помош, имаш луѓе сегде. Му пишав:’Здраво Сашо, Гоце е, на Кираца синот. Ако треба помош, пиши ми, барај ме’. Ми пиша вечерта”, објасни Гоце Трајковски.
Следниот ден Александар на Гоце му ја покажал џи-пи-ер-ес апликација, што ја имале со Зорица со која го следеле движењето на Вања.