![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/bolnica-ohrid-foto-r0iy5hpl8dsvtupvuewm4rq34v9e7f7qfg6qireahs.jpg)
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(39) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари. Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.