Поранешниот директор на СОЗР дозволил една година владиниот авион да биде управуван од пилот кому му се давала плата како да е капетан. Па така, човекот, кој иако немал такво звање, си наплатил 56 илјади евра за услугите.
Патувал со лажни новинари, каде и директорот се пријавил ко новинар. Лажен капетан, лажни новинари, се лажно, само трошоците вистински – коментира аналитичарот Ивор Мицковски.
Ваквата реакција доаѓа откако беше објавено дека директорот на СПЗР, Пеце Мрчевски 2022 година во Софија престојувал како новинар за да известува од заедничката седница меѓу владите на Македонија и на Бугарија
Плусинфо објави дека поранешниот директор на СОЗР си се потпишал на документ со кој самиот си се претставил како новинар со уште петмина со него, нарекувајќи ги новинари и си уплатил од буџетски пари шест еднокреветни соби со полн пансион за одморени и најадени да го следат и да ја известуваат јавноста за настанот на 25 јануари 2022 година.