![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/476361072_122169361598051791_4771351331843328619_n-1024x681.jpg)
Во просториите на театарот, директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, оствари средба со делегација од општина Подградец, Република Албанија предводена од советникот на градоначалникот на општина Подградец за меѓународни односи, господинот Анди Коста.
На средбата се разговараше за можноста да се направи културна соработка помеѓу нашата институција и културните институции во општина Подградец но и за билатерална соработка и реализација на меѓународни проекти. Следната година на покана на општина Подградец НУ Народен Театар Битола ќе земе учество на меѓународниот фестивал на монодрама организиран и поддржан од страна на општина Подградец.
На средбата стана збор и за изработка на заеднички проекти и партнерство при аплицирање во европските фондови наменети за поддршка на културата и туризмот.
На средбата беше присутен и директорот на НУ Музеј на албанската азбука Битола, Нуер Арслани.