В сабота во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“.
Дел од организаторите на маршот се другарките на прегазената Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на 29 јануари. На социјалните мрежи се споделува порака од нив дека тие организираат бесплатен превоз до Неготино, за сите граѓани од други градови кои сакаат да присуствуваат.
Според пишувањата на социјалните мрежи, автобуси од Скопје ќе поаѓаат в сабота во 11 часот, пред хотелот „Холидеј Ин“.