Skip to main content

Затворските полицајци по работата се малтретирани од криминалците – Напуштаат работа бидејќи е неиздржливо да се работи во скопските затвори

Синдикатот на затворската полиција и администрација при Независниот синдикат на државната администрација денеска упати отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции (УИС) Александар Пандов како реакција на „јавните линчувања кон припадници на затворската полиција“. Во писмото тие укажуваат на проблемите со кои се соочуваат затворските полицајци и на потребата од подобрување на правата на вработените и состојбите во затворскиот систем.

Се поставува прашањето дали воопшто претходниот директор на Управата Ви ги пренел, укажал и објаснил состојбите во затворскиот систем.

Дали знаете кој е оптималниот број на припадници на затворската полиција потребен во Затворот Скопјe за вршење тековни активности?“, се наведува во писмото од Синдикатот.

Оттаму наведуваат и бројни други проблеми со кои се соочуваат затворските полицајци поради извршувањето на нивната работа и заканите по нивната безбедност од криминални групи надвор од работното место.

Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворската полиција? Дали знаете дека се фрлаа бомби во куќа на директор на Затвор? Дали знаете дека има постојани закани кон затворската полиција? Дали знаете дека после работа одредени криминални групи ги пресретнуваат затворските полицајци и физички се малтретирани? прашуваат од Синдикатот на затворската полиција.