Skip to main content

Мрмотот Фил предвиде уште шест недели зима

Мрмотот Фил, познатиот предвидувач на временската прогноза, беше извлечен од своето топло дувло и ја виде својата сенка, предвидувајќи уште шест недели зима.

На настанот во Пенсилванија, САД присуствуваа рекорден број луѓе. Публиката присуствуваше на огнометот и концертот додека чекаше да изгрее сонцето и да се појави мрмотот Фил од своето дувло.

Инаку, легендата вели дека ако мрмотот ја види својата сенка на „Денот на мрмотот“ – 2 февруари – ќе следат уште шест недели зима. Ако не, доаѓа рана пролет, пишува Си-ен-ен.