Skip to main content

Грција и Израел разговарале за унапредување на стратешката соработка меѓу двете земји

Шефовите на грчката и израелската дипломатија Јоргос Герапетритис и Гидеон Саар, за време на нивната денешна средба, меѓу другото, разговарале за регионалните случувања и унапредувањето на стратешката соработка меѓу Грција и Израел, информираа од Министерството за надворешни работи на Грција на платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации Герапетритис на средбата го поздравил договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците и ја истакнал важноста сите заложници да се вратат дома.

Средбата е во рамките на посета на шефот на грчката дипломатија на Блискиот Исток, а попладнево ќе отпатува за Рамала, каде што ќе се сретне со палестинскиот премиер и министер за надворешни работи. 

Поврзани вести