Skip to main content

Сестрата на Фросина: Бараме одговорност од таткото на возачот и судијката

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители.

-Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето државни функции не смее да се сведува само на формални образовни критериуми, нагласи таа. 

Јавните функции, рече таа,  мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кои своите карактери и вредности ги покажале и во сопствениот живот.

-Како граѓани, како родители и како дел од заедницата, оној кој не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници, додаде Кулакова. 

Подвлече дека општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите во државата не смеат да бидат засолник за оние, кои не ги почитуваат законите ниту во својот дом, ниту надвор од него.

-Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме правда и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара таткото, Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили, изјави сестрата на загинатата девојка. 

Поврзани вести