Skip to main content

Двајца тешко повредени во судир на „ауди“ и „пасат“ кај Осломеј

Вчеравечер околу 21.30 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар после раскрсницата за с.Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(38) од с.Свиништа и патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(35) од с.Зајас.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Н. и неговата сопатничка Д.Р.Т.(65), констатирани во Медицинскиот центар Кичево, додека вториот сопатник во возилото, С.Т.(65) од Охрид, се здобил со телесни повреди. Кај Е.А., која го управувала возилото „пасат“, во болницата во Кичево биле констатирани телесни повреди, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

Поврзани вести