Граѓаните се оптимисти за животот во и иднината на Македонија, а воедно поголемиот дел од нив сметаат дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е подобра во однос на онаа предводена од СДСМ во однос на економијата, штитењето на националните интереси и справувањето со корупцијата.
Ова го покажа истражувањето на јавното мислење во однос на повеќе актуелни прашања, во рамките на проектот Омнибус, од страна на агенцијата Бренд концепти.
Анкетата беше насочена кон мерење на јавното мислење на теми поврзани со оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, перформансите на двете влади и актуелните политички и економски теми.
Телефонската анкета во рамките на оваа платформа беше спроведена цо периодот од 22 до 29 јануари 2025 година на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници од целата територија на Република Македонија.
Анкетата беше дизајнирана да обезбеди анонимни одговори, гарантирајќи искреност и точност во резултатите.
Прашалникот вклучуваше четири главни делови: оптимизмот на граѓаните, довербата во институциите, споредба на перформансите на двете влади и ставовите за актуелните теми.