Skip to main content

Обвинителство: Се постапува во случајот со жената во животозагрозувачка состојба донесена синоќа во Клиничкиот центар

Во Клиничкиот центар во Скопје синоќа била донесена жена во животозагрозувачка состојба која, според медиумските објави, била претепана од сопругот. Јавното обвинителство денеска соопшти сторителот е обезбеден и се постапува.

– Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи – посочуваат од ЈОРСМ.

Правната квалификација на делото, како што нагласуваат од обвинителството, ќе биде одредена согласно доказите. 

Поврзани вести