
Владата на индискиот премиер Нарендра Моди побара од платформата „Нетфликс“ да не прикажува пакистанска серија во Индија, откако тамошен синдикат на филмски работници испрати барање до премиерот за забрана на серијата.
Првиот дел од првата серија на „Нетфликс“ на урду јазик, насловена „Сета љубов што ја носат нашите срца“ (Jo Bachay Hain Sang Samait Lo), треба да биде објавена на 4 декември, во цел свет. Но, во писмо испратено до премиерот во вторникот, „Асоцијацијата на сите индиски филмски работници“ побарала Индија да го блокира прикажувањето на серијата.
Во јуни 2025 година, „Нетфликс“ го извести индиското Министерство за информации и радиодифузија дека нема ставено на располагање филмови или серии од пакистанска продукција за своите претплатници во Индија, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на извори од индиската Влада.
Надлежните во Индија сега бараат од „Нетфликс“ да се придржува до тоа ветување, откако пристигнале поплаки во врска со можното прикажување на новата серија во Индија.

Македонски



