
Во Основниот суд во Охрид денеска почнува судењето за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, за кој е обвинет 31-годишниот Кристијан Корабоски. Почетокот на рочиштето е закажан за 11 часот, а предметот ќе го води судијката Александра Поп Стефанија.
Нападот се случи на 15 ноември годинава по расправија во домот на осомничениот, а потоа продолжил во неговиот автомобил.
Според пријавеното, Корабоски физички ја нападнал својата девојка додека биле во возилото. Откако го запрел автомобилот, нападот продолжил, при што девојката изгубила свест и паднала.

Македонски




